Friday, December 2, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Репортерите од „Михајло Пупин“ не известуваат: освоивме прво место на конкурс за еко-филм !

По обуката за создавање на информативни мултимедијални содржини за Интернет која ја одржавме минатиот месец за наставниците и учениците од скопските средни училишта, не чекавме многу за да ги добиеме првите плодови на нашата заедничка работа. Учениците од Средното електротехничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“, кои учествуваа на неа, не известуваат за една многу радосна вест за нивното училиште. Имено, на конкурсот „Млади репортери за животна средина“ кој го спроведуваше невладината ОХО од јануари до април годинава, филмот „Приказна на 21 – от век“, кој го изработија  младите „пупиновци“, ја освои првата награда, во конкуренција од 38 средни училишта од земјава.

Филмот го изработија средношколците Ангел Давковски, Стојан Ѓоревски и Стефан Тодоровски, под менторство на професорката Мирјана Недевска. Тие, во текот на овие месеци, сами режираа и глумеа во овој видео продукт, наменет за подигање на еколошката свест кај младите.

Особено радува фактот што овој филм ќе биде испратен и на интернационалниот натпревар од кампањата, каде ќе се натпеварува со учесници од 25 земји, a учениците ќе имаат можност да се дружат со нивни врсници од различни култури и различни потекла. А дека во „Михајло Пупин“ се посветува многу внимание на поттикнување на креативноста на младите и градењето на позитивни вредности на овој начин, говори и фактот дека тие и лани победија на истиот конкурс, додека на интернационалниот натпревар го освоиле третото место и учествувале на работилници во Стокхолм.

„Пупиновци“ не се само добри филмаџии. Со оваа известување, тие покажаа дека ги совладале и техниките на новинарството, и ни напишаа приказна која ги содржи сите елементи кои ги научивме заедно на работилницата за создавање мултимедијални информативни содржини во Скопје, со цел да не известат за нивниот успех.

Еко – приказната за 21 век на овие креативни средношколци можете да ја погледнете линкот: https://www.youtube.com/watch?v=iU_oa7z-MYY