Saturday, December 3, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Обука за обучувачи за поврзување на практики од изведувачки уметности со образованието и социјалниот развој

На три-дневна обука за обучувачи учествуваа 16 креативни наставници од средните училишта од општините Куманово, Кичево, Штип, Тетово, Велес, Битола, Гази Баба и Карпош во Скопје, од 19-21 март 2013 година.
Обуката беше насочена кон развивање на вештини и знаења на училишните тимови кои понатаму ќе го дисеминираат своето знаење на учениците во училиштата во целните општини.
Експертите и уметниците ќе работат преку методолошки пристап кој што е комбинација меѓу индивидуална и групна работа – искуствен процесот на учење, интегрирање на алатки и самоистражување на личните потреби и интереси.

Обуката се водеше преку процес кој е ориентиран кон учење кој што ги поврзува современа уметничка пракса со секојдневниот живот, образованието и општествениот развој. Педагошката филозофија ги вклучуваше начините на кои наставниците и тимовите може да направат промоција на активно вклучување на учениците, уметниците, фацилитаторите и публиката во една целина; уметнички вештини преку методологија за уметност за социјални промени -комбинација на форум театар со техники и видео техники на Аугусто Боал и современите тенденции во уметноста и технологијата, со што наставниците и тимовите како фацилитатори можат да добијат јасна слика за тоа каде и како групата ги замислува своите следни чекори; и да се развие креативен пристап кон успехот, развој на заедницата и позитивни промени .

Луѓето ме знаат како интровертна личност, која што не се експонира. Оваа обука и групата ми олеснија да ги откријам моите вештини и креативноста за кои што не бев свесен претходно. Многу сум ви благодарен на сите вас што ми овозможивте да бидам дел од овој процес и дел од тимот“, рече наставникот од Велес, Гроздан Вцков.
Од април до јуни 2013 година наставници од осум средни училишта во селектираните општини, ќе се извршат и спроведат 12 креативни работилници со група на ученици во рамки на училиштата.