Friday, December 2, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Музиката нè спојува

DSC02431Како е терминот за ‘folk songs and dances’ на македонски? Народни песни и ора. А на албански? Këngë dhe vallë popullore. А на ромски? Folklornikane gjilja thaj vastkhelibe. Благодарение на Музичкиот глосар/речник изготвен од осмо – одделенците од ОУ „Браќа Рамиз Хамид“ и ОУ „7-ми марси“ од Скопје, го збогативме нашиот музички вокабулар на четири различни јазици (англиски, македонски, албански и ромски).

На 20-ти мај, група ученици од „7-ми марси“ го посетија партнерското училиште „Браќа Рамиз Хамид“ со цел да ги промовираат плодовите на напорната работа, дел од Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Покрај Музичкиот глосар/речник, учениците во етнички измешани групи изработуваа музички инструменти од картон, цртежи на фолклорни орнаменти, носии и имаа заеднички настап на оркестрите.  Сите нивни производи беа презентирани пред бројната публика на ученици и наставници од двете училишта.  Заедничкиот оркестар исполни неколку нумери на албански, македонски и ромски јазик, додека помладите ученици танцуваа облечени во традиционални носии.DSC02509

Наставниците од двете училишта беа задоволни од взаемната професионална соработка, горди на производите кои нивните ученици ги презентираа. Откако заврши официјалната програма, учениците и наставниците ја претворија салата во подиум за танцување, танцувајќи заедно на популарни ромски, македонски и албански песни. Натписот на ѕидот, испишан на трите јазици, не потсети дека „Музиката нè спојува.“