Saturday, December 3, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Медиумска писменост за подобро меѓуетничко разбирање

Што е стереотипизација и генерализација, што е етичко новинарство, како да се напише вест, да се подготви фотоприказна, да се направи мултимедијален прилог и сето тоа да се стави на Интернет , а содржината да се направи што е можно подостaпна за читателите беа дел од  темите на дводневната обука за  тренери за продукција на мултимедијални содржини во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието што се одржа во Маврово на 10 и 11 мај 2013. Новинарите од повеќе редакции дебатираа и учеа како своето знаење за тие прашања да им го пренесат на наставниците од основните и средните училишта.

Драган Антоновски, еден од новинарите кои ќе ги предаваат своите знаења на наставниците вели дека обуката беше корисна.
“Треба да се знае што е целта, што сакаме да постигнеме и на каков начин да дојдеме до тоа. За се е потребен прецизен план и сериозни подготовки”- вели Антоновски.

–    Имавме корисни дискусии и мислам дека успеавме да најдеме пристап преку кој ќе ги пренесеме основните вештини за создавање на медиумска содржина на наставниците со што ќе ги охрабриме да ги стават нивните знања во функција на новото дигитално време и понатаму да работат со учениците во оној амбиент што денес за учениците е поприроден, а тоа е Интернетот- вели Сарачини, раководителот на програми на МИМ.

Зоран Бујаровски, уредник во Алфа ТВ истакна дека е голем оптимист во врска со престојните активности со наставниците и учениците и се надева дека истите ќе успеат да направат позитивни промени во училишната заедница.