Wednesday, December 7, 2016
Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Креативноста на младите – најлесен пат до меѓуетничката интеграција во образованието

foto4Како најлесно да ги зближите младите од различни заедници? Едноставно, соберете ги на едно место, и дајте им да го прават она што најмногу ги интересира. Дружбата, заедништвото и интеграцијата ќе дојдат сами по себе. Во досегашниот тек на  Проектот, една од нашите партнерски организации, Центарот за изведувачки уметности Мултимедиа, организираше голем број на креативни работилници и форум театри. Резултатите се повеќе од одлични: освен дружбите и другарствата кои продолжуваат и по завршувањето на активностите, многу талентирани млади луѓе добија шанса да го искажат и развијат нивниот потенцијал, а добивме и одлични уметнички производи – се снимија филмови, се играа претстави, се организираа изложби и перформанси.

Минатогодишните активности го разбудија креативниот потенцијал на средношколците и им дадоа простор да бидат самите режисери, актери, сликари, фотографи, и да ја имаат креативната слобода да создадат уметничко дело по своја желба.  Со помош и безрезервна поддршка од професорите и експертите кои ги водеа креативните процеси. учениците создадаваа театарски претстави, кратки филмови, изложби и перформанси. На пример, учениците од средното училиште АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје ја направија театарската претстава „Наше Маало“, инспирирани од своите искуства и искуствата на своите семејства, па самата претстава се состоеше од пократки пиеси за заедничката љубов на Македонец и Албанец кон фудбалот, за повторувањето на семејната историја на мајка и ќерка кои се заљубуваат во човек со различна етничка припадност, за слаб и добар ученик  чијашто дружба е неспоива по правилата на нештата, но тие наоѓаат заеднички интерес за почеток на ново пријателство. Претставата доживеа овации, а учениците не можеа да го DSC00265скријат своето задоволство за можноста да се претстават во такво светло. Учениците пак од средното училиште „Арсени Јовков“ снимија пет кратки филмови, во кои ја третираа различноста од повеќе аспекти, при што сами ги пишуваа сценаријата, режираа и глумеа во филмовите.

И оваа година продолжуваме со креативните работилници и форум театрите за средношколци од различни етнички заедници. По опфаќањето на осум средни училишта Скопје, Тетово, Кичево, Велес, Штип, Куманово и Битола во минатата година, годинава креативното раздвижување на средношколците преку креативни воннаставни активности ќе се одвива во Скопје, Гостивар, Кавадарци, Охрид, Кочани и Прилеп.