Saturday, December 3, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Комуникацијата насочена кон потребите на учениците, наставниците и родителите е клучна за подобра меѓуетничка интеграција

Во соработка со партнерите од Македонскиот институт за медиуми, ПМИО продолжува со циклусот работилници за планирање на ефикасни интерактивни јавни презентации во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието, во кои се вклучени членовите на тимовите за училишна интеграција од речиси сите училишта ширум земјава. На работилницата која се одржа во Охрид на 26 септември, учесниците од неколку општини од западниот дел на земјава, низ заедничка работа, со помош на искусни обучувачи, ги осознаваа тајните на доброто јавно комуницирање.

Како да се комуницира со различни целни групи, како да ги убедиме луѓето да станат наши сојузници во напорите за зближување на младите од различни етнички заедници, како да се подготвиме за ефикасни јавни презентации, како да препознаеме стереотипи и говор на омраза и да го избегнеме нивното користење и да го намалиме нивниот негативен ефект во училиштата и јавната комуникација? Ова се само дел од содржините, а покрај теоретските предавања, учесниците на работилниците работеа и конкретни вежби за подготовка на кратки изјави и настапи пред специфична целна публика. На крајот од работилницата, преку играње на улоги, учесниците поделени во тимови дебатираа и ги спротивставуваа ставовите за конкретни теми поврзани со меѓуетничката интеграција во училиштата.

Заеднички заклучок на сите учесници е дека комуникацијата со различни целни групи оди многу полесно и поефикасно, кога од неа ќе се симне товарот на омразата и предрасудите, и кога таа е насочена и ги зема предвид размислувањата и потребите на оние, на кои им се обраќаме.