Friday, December 2, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

КОГА МЛАДИТЕ СЕ ДРУЖАТ И КРЕИРААТ ЗАЕДНО, МЕЃУЕТНИЧКИТЕ БАРИЕРИ ПАЃААТ

КОГА МЛАДИТЕ СЕ ДРУЖАТ И КРЕИРААТ ЗАЕДНО, МЕЃУЕТНИЧКИТЕ БАРИЕРИ ПАЃААТ
Во време на сериозни меѓуетнички тензии, од голема важност е работата за надминување, или барем намалување на стереотипите и предрасудите, особено кај младите луѓе. Со таа цел Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) спроведува со поддршка од УСАИД, Проект за меѓуетничка интеграција во образованието, чиј раководител е Небојша Мојсоски…

 

Не е првпат да се направи обид за поголемо зближување на младите од различни етнички заедници во Македонија. Во што вашиот Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието се разликува од другите?

Различни проекти се спроведувале и се спроведуваат со цел да се подобрат меѓуетничките односи. И тоа е за поздравување, бидејќи мултиетничноста не само што ја прави нашата земја побогата, туку добрите односи меѓу граѓаните и почитта кон различностите е главен столб врз кој треба да ја градиме сегашноста и иднината на Македонија. Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието се спроведува од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со седум локални невладини организации и има холистички приод со цел да работи на создавање на политичка, социјална и економска клима потребна за Македонија да постигне одржлива меѓу етничка интеграција, не само во образовниот систем туку и во целото општество. Проектот започна во 2011 година, а ќе трае до 2015., период од четири години во кој ќе се спроведуваат голем број активности со цел подобрување на меѓуетничката интеграција во образованието во земјава. Ние работиме во партнерство со МОН и образовните институции (Биро за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, Државниот просветен инспекторат) опфаќајќи ги сите основни и средни училишта во Македонија, како и сите општини. Покрај соработката со институциите, школите и општините, во проектот се вклучени и родителите како еден од носечките столбови за воспитувањето на децата.

Дали младите ги прифаќаат лесно идеите што им ги нудите или постои одреден отпор?

На почетокот, кога се преставува проектната активност постои одредена доза на затвореност за заедничка соработка. Но, со самиот директен контакт, кој им се овозможува на децата и можноста да работат на создавање конкретен продукт, бариерите паѓаат. Досегашното искуство што го имаме преку работата на Проектот, цврсто не’ уверува и ни докажува дека кога на учениците ќе им се овозможат добри услови и можност за комуникација и соработка, не постои никаква друга пречка за заедничка соработка. Несебично ги споделуваат своите интереси и потреби, разговараат на теми што ги засегаат, се спријателуваат по социјалните мрежи и го прошируваат кругот на пријателите, излегуваат на кафе, и слично.

А, каков е односот на училиштата и на професорите?

Училиштата и наставниците уште од самиот почеток ја поздравија ваквата иницијатива и ја оценија како многу потребна, бидејќи првпат во Македонија еден проект системски работи на градење на капацитетите на сите наставници и училишното раководство за меѓуетничка интеграција во образованието. Училиштата се свесни дека само на таков начин ќе можат на младите генерации да им ги пренесат своите знаења преку користење на пристапи и методологии, кои промовираат меѓуетничка соработка. Притоа, тука, советниците од Бирото за развој на образованието , Центарот за стручно образование и обуки и просветните инспектори на државно и регионално ниво имаат централна улога во постигнувањето на одржлива промена и учествуваат во активностите за јакнењето на капацитетите на наставниците и стручните раководства . Тие ја разбираат важноста за меѓуетничката интеграција во образованието и кон овој Проект се однесуваат одговорно и отчетно, со цел да се постигне долгорочен и одржлив успех. Еден од индикаторите кој ја потврдуваат посветеноста и заинтересираноста на училиштата и професорите е посетеноста на обуките кои ги организираме. Во изминатава година сите училишта со максимален број на наставници присуствуваа на нив.

Дали првата средба на тинејџери од различна националност предизвикува некој вид шок, позитивен или негативен? На пример, кога ќе се направи заедничка акција на училишта од Струмица и од Тетово.

Во првата година од спроведувањето на проектните активности работевме на градење на капацитетите на училиштата за меѓуетничка интеграција во образованието. Потребно е да имаме подготвени наставници пред да почнеме со активности со учениците на пошироко ниво. Веќе во втората година планираме да работиме со учениците и нивна соработка во рамки на различни општини. Во првата година имавме мал број на пилот активности со учениците во рамки на дебатните клубови и креативните работилници. Искуството од работењето со овие ученици ни покажа дека присуството на стеротипи, предрасуди и групирање по етникуми е евидентно на почетокот од активностите. Но, со самиот развој на активноста учениците се запознаваат меѓу себе, комуницираат, соработуваат и за кратко време функционираат како група, а не како етнитет. Клучно е да се има добри наставници, кои ги водат учениците, и да работат на конкретен продукт кој го чувствуваат како свој, а не наметнат од страна на Проектот и училиштето.

Имавте мошне успешен обид за заедничка работа меѓу Македониња и Албанчиња во средното економско училиште „Арсениј Јовков“. Што, всушност, работеа тие ученици?

Точно. Тој обид докажа како децата умеат да работат и да се дружат, не размислувајќи дека припаѓаат на една или друга етничка заедница, дека зборуваат еден или друг јазик. Уметноста и креативноста секогаш се предизвик и начин да секој млад човек преку такви процеси ги изразува своите знаења, вештини, потреби, интереси; да препознава што е добро, а што не е добро; да сфати дека различностите, всушност не се пречка, туку предност врз која се гради нашето општество. Нивните дела тежат повеќе од милион зборови. Ве поканувам да ги видите кратките филмови објавени на нашата веб-страница www.pmio.mk кои што самите деца ги изработија, а кои кажуваат многу http://mk.pmio.mk/resources. Овие ученици ни покажаа не како би требало, туку како треба!

Дали е дојдено време, или ќе дојде наскоро, кога и за некои болни теми, како конфликтот во 2001 година, младите ќе може да разговараат отворено, без негативни емоции?

Нашата цел преку овој Проект не е само да ја подигнеме свеста дека живееме во мултиетничка и мултикултурна земја, туку преку системот на образованието со нови вградени методологии и пристапи да им се овозможи на младите отворено и заеднички да разговараат на различни теми, споделуваат интереси и потреби; да се навикнат на разноликоста, не само да ја почитуваат, туку да ја сметаат за богатство. За емоциите треба отворено да се разговара, во секој случај, па и од било која природа да се. Сметам дека вистинскиот предизвик за нашето општество е да се разговара не само за негативните, туку пред и се за позитивните емоции кои се присутни, но некако ги забораваме. Ние сме убедени дека образованието е големо поле за дискусија и размена на искуства и контакти меѓу младите на оваа тема. Проектот заедно со сите чинители на образовниот систем спроведува активности кои водат до промени, каде потребата за дискусија на болни теми полни со негативни емоции ќе се сведе на минимум – впрочем, тоа е единствениот пат од демократскиот процес на градење и негување на заеднички вредности кон кои сите целиме.

Не е тајна дека има млади Албанци кои поради географската лоцираност, комплетното образование на мајчиниот јазик, па и квалитетите телевизиски програми што доаѓаат од Албанија и од Косово, слабо или речиси воопшто не зборуваат македонски. Колку е тоа сериозен проблем, кој може уште повеќе да го подигне ѕидот на неразбирање, а и недоразбирање, кај таа генерација?

Јазикот е средство за комуникација, и во никој случај не смее да биде пречка за спроведување на активностите во училиштата, како во овој проект така и во другите активности во училиштата. Богатството на Македонија е и тоа што на овие простори се зборуваат повеќе јазици. Проблемот на непознавање на јазикот ќе се надмине со желбата за учење за „другите“ и се’ поголемиот број директни контакти меѓу младината. Проектот работи со сите основни и средни училишта во Македонија, и во голема мерка е фокусиран на спроведување на заеднички ученички активности. Со тоа веруваме дека ќе влијаеме на било какви појави кои доведуваат до сегрегација, до непознавање на друг јазик од друга етничка заедница, непознавање на култура, традиција, обичаи итн. При спроведувањето на активностите, пракса на Проектот е да се имаат сите материјали на јазиците на кои се изведува наставата, како и да се обезбеди усмен превод за учесниците кои сакаат да се изразат на својот мајчин јазик.

Дали ќе преземете нешто за поголемо запознавање на Македонците со начинот на живот, јазикот, културата, обичаите… на Албанците?

Целиот пристап на нашиот проект е взаемен. Сите учиме едни за други, и едни од други. Дел од активностите на Проектот се фокусирани токму на овие прашања. Запознавањето со сличностите и разликите во однос на „другите“ е основа за надминување на стеротипите и предрасудите кои се присутни.

Што е со другите етнички заедници? Дали се и тие опфатени во вашиот проект?

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието е за цела Македонија, за сите основни и средни училишта, сите општини. Кога велиме така, тоа значи дека ние не ја гледаме Македонија како би-етничко општество во која живеат само Македонци и Албанци, туку мултиетничко општество во кое припаѓаат и сите други етнички заедници. Со тоа, вклучувајќи и негувајќи ги нивните вредности, ние праќаме порака дека така треба да се гледа и негува нашата земја. Сите припаѓаме тука, и сите ги делиме и добрите и лошите работи. Тоа е богатство и предизвик за сите нас.

Што ќе биде првото следно нешто од ПМИО во наредниот период?

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието секоја недела има различни активности. Во новите 41 општини и училишта веќе се формираат тимови за училишна интеграција, се подготвуваат обуки за дисеминација на знаењата и вештините во рамки на училиштата, модел училиштата ги учат учениците за демократска партиципација, ќе ги зајакнеме капацитетите на наставниците за водење на креативни процеси со децата во рамките на училиштата, и сл. Проектот во изминатиот период спроведе истражување за базичната состојба од аспект на меѓуетничката интеграција во образованието во РМ. Во ова истражување учествуваа 99 проценти од училиштата во државава. Наскоро ќе ги презентираме резултатите од ова истражување кои се многу интересни и корисни. Ова е само мал сегмент од севкупниот план за овој период. Но, сите граѓани следејќи ја нашата веб-страница www.pmio.mk , навремено ќе имаат можност да следат што се случува во рамките на проектот и што следи. Споделувајќи ги нашите искуства и позитивни примери сакаме да ги охрабриме сите граѓани да веруваат дека меѓуетничката интеграција во образованието е основата и обврската на сите нас за посветла иднина на Македонија. За да се подобри меѓуетничката интеграција во образованието потребно е да се работи многу, на сите нивоа и пред се’, да помине време. Подобрувањето на меѓуетничката интеграција е процес кој не се случува преку ноќ. Ако има некоја формула како би требало да се направи тоа би било – истрајност, волја, самопожртвуваност, отвореност, посветеност, верба во подобро утре и многу, многу работа со „другите“, а пред се’, со самите себе.

Можете да го проследите текстот на КОГА МЛАДИТЕ СЕ ДРУЖАТ И КРЕИРААТ ЗАЕДНО, МЕЃУЕТНИЧКИТЕ БАРИЕРИ ПАЃААТ