Saturday, December 3, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Изразување на учениците преку форум театар и драмска претстава во Скопје

На 26 ноември 2013 година, во Културниот информативен центар (КИЦ) се собраа ученици од разни училишта на форум театарот и презентацијата на финалниот производ којшто беше креиран од група ученици од АСУЦ Боро Петрушевски од Скопје. Учениците коишто присуствуваа беа запознаени со техниките на Августо Боал за изразување на нивните погледи, чувства, стереотипи и решенија на конкретните дилеми претставени од групата. Конкретната ситуација што беше дадена – идејата за заедничко одење (македонско и албанско училиште) на екскурзија и оспорена од еден ученик којшто мислеше дека тоа не е добра идеја – беше предмет на анализа со публиката, при што беа дадени различни решенија и идеи. Форматот и техниките што се користеа за време на Форум театарот, немаат бариери помеѓу татарската сцена и публиката, така што некои ученици ги заменија почетните актери со цел да ги претстават своите подобри решенија што за публиката беше моќно.

Презентацијата на 12 креативни работилници беше во форма на театарска претстава во којашто беше претставена љубовна приказна помеѓу млада девојка и момче со различна национална припадност и проблемите со коишто тие се соочуваат. За време на работилниците, беа отворени и дискутирани многу лични верувања, стереотипи и предрасуди. Водители и модератори на презентацијата беа нашите познати актери Кети Дончевска Илиќ и Горан Илиќ, додека директорката на училиштето, Соња Ристовска даде нејзини забелешки за процесот. Над 50 луѓе ја посетија презентацијата, по што следеше доделување на награди за сите ученици и наставници вклучени во процесот.