Saturday, December 3, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Дебатни клубови, катчиња за интеграција во училиштата

Со започнувањето на учебната година, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието во соработка со Младински образовен форум (МОФ) оформи 4 дебатни клубови во општините Битола, Тетово, Струмица и Бутел. Оваа активност овозможи средните училишта „Арсени Јовков“, „Никола Карев“, „Таки Даскало“ и „Никола Штејн“ да имаат свој дебатен клуб каде учениците директно се вклучени во неформалното образование.

Дебатните клубови имаат за цел да креираат мултикултурна соработка помеѓу младите. Со помош на тимска работа, интеракција, аргументација и дискусија младите создаваат платформа за комуникација и се стремат кон надминување на предрасудите и остранување на дискриминацијата.

Како дел од Проектот за меѓуетничка интеграција, дебатните клубови од овие училишта имаат можност да учествуваат во националната дебатна мрежа која во Македонија ја води МОФ и да ја користат дебатата како алатка за креирање мислења и дискусии на актуелни теми кои ги засегаат младите и граѓаните во државата.

Членовите на дебатните клубови следат годишна програма во која имаат можност да учествуваат на дебатни турнири, локални, национални и меѓународни настани, да организираат јавни дебати, да се запознаат со дебатери од други градови, држави и култури.

Во текот на месец декември дебатерите од четирите училишта ќе се натпреваруваат на Националниот дебатен турнир, а потоа во своето училиште ќе организираат јавна дебата каде ќе ги запознаат своите соученици, родителите и професорите со нивната работа.  Дебатните предавања се спроведени од тренери на Младински образовен форум, кои заедно со учениците, професорите и менаџментот на училиштето придонесуваат кон интеграција во образованието и мултикултурно општество.