Saturday, December 3, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

„А може и подобро..“ – порачуваат младите актери од „Цветан Димов“

DSC04929Првото училиште кое го скрши мразот и организираше финална презентација на уметничките продукти, кои произлегоа од креативните работилници на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, е СУГС „Цветан Димов“ од Скопје. Дваесетина талентирани и креативни ученици од ова училиште, со помош на нивните две професорки и професионални актери, подготвија претстава од четири дела, со наслов „А може и подобро..“. Претставата беше проследена со ентузијазам од страна на  раководството на училиштето, учениците и голем број професори.

На претставата, учениците одглумија четири различни ситуации од секојдневниот живот кои ги мачат младите, со цел да прикажат дека нивните проблеми не познаваат етничка или религиозна припадност, и дека денешната младина треба да се обедини во нивното решавање. Креативните работилници се докажаа како успешна алатка за меѓуетничката интеграција во образованието, а креативноста и уметноста како „универзален јазик“ на учениците од различни етнички и верски припадности.

По завршувањето на претставата, публиката во салата ги награди младите актери со заслужен аплауз, а тие пак, во нивните костуми и маски, гордо и насмеано застанаа да ги поздрават сите присутни. На овие ученици им беа доделени сертификати во знак на благодарност за дадениот придонес во подобрување на меѓуетничката интеграција во образованието и за тоа дека поставија одличен пример за останатите пет училишта кои се при крај со подготовките за нивните финални презентации.

DSC04975ПМИО ги спроведуваше креативните работилници во соработка со партнерите од Центарот за изведувачки уметности „Мултимедиа“, организација која има долгогодишно искуство во спроведување на ваков тип на активности со младите.