Friday, June 23, 2017
Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Преку 1000 наставници, ученици, родители, претставници од образовните институции, граѓански организации, УСАИД и ЕУКОМ ги ...

Повеќе

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на  училишните објекти

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на училишните објекти

По организираните обуки за одржување на училиштата наменети за членовите на тимовите за реновирање на ...

Повеќе

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

При крајот на јануари, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Улогата и поддршката ...

Повеќе

Одржана обука за креативни корнери

Одржана обука за креативни корнери

При крајот на јануари во Скопје се одржа тридневна обука за креативни корнери на која ...

Повеќе

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Во текот на неделата, во четири модел училишта: ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Бајрам Шабани“ ...

Повеќе

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

При крајот на декември се одржаа два свечени настани на сечење лента во основните училишта ...

Повеќе

Средношколците од „Орде Чопела“ од Прилеп демонстрираа дека „Сите сме едно“

На 15 октомври 2014, во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп се одигра претставата „Сите сме едно“, која е резултат од креативните работилници на кои учествуваа средношколците од СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп. Оваа група на ученици, полни со позитивна енергија, ја демонстрираше моќта на соживотот и толеранцијата, преку креативност, дружење и многу смеа. Шармантните и талентирани средношколци блеснаа под  рефлекторите на театарот како професионални актери и танчари, и докажаа дека претставата е поубава и помоќна кога во неа глумат млади од различни етнички припадности.

DSC05531Претставата беше составена од неколку сцени. Започна со модерна ритмичка точка подготвена од самите ученици, а продолжи со драмска сцена на тема љубов и забранета љубов помеѓу двајца млади луѓе. Драмската сцена разбуди насмевки и смеа кај публиката, но и солзи кај некои. Приказната, преку хумор и драма, ја прикажа суровата вистина за мешаните парови во Македонија. По љубовната приказна, следуваше креативна изведба на приказната на Силјан штркот,  а претставата заврши со изведба на песна на Тоше Проески, при што  сите ученици-актери излегоа заедно на бината и танцуваа танго.

Групата ученици, кои ја подготвија и ја изведоа претставата пред бројната публика во театарот, беше од мешан етнички состав – Власи, Македонци, Албанци, Роми и Турци. Тие со месеци работеа и се дружеа рамо до рамо, и успеаја да создадат успешен уметнички продукт кој ги плени срцата на сите. Креативните работилници се еден од клучните сегменти на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образование, кои се спроведуваат во партнерство со Центарот за изведувачки уметности Мултимедија.

По претставата, учениците од публиката и самите млади актери присуствуваа на Форум – театар работилница раководена и модерирана од славните актери Кети и Горан Илиќ, кои исто така беа ментори на креативните работилници. Сцената и „дилемата“ на оваа форум театар дебата, во чиешто конструирање учествува и самата публиката,   беше дали училишниот бенд треба да ја земе Ромката која одлично свири на кларинет. „Опресорот“ (улога во хипотетичката сцена), инаку еден од челеновите на групата, отворено се противеше на вклучувањето на Ромката во бендот, додека останатите на сцената и од публиката се трудеа да најдат начини да го разубедат. Учениците во публиката интервенираа на сцената со креативни решенија, за на крај „опресорот“, на општо задоволство на присутните, да попушти и да и даде шанса на девојката со кларинет.

DSC05550Сите ученици, наставници, актери и организатори на овој одличен настан, на кој доминираа вредностите на соживот, толеранција и интеграција, заслужуваат искрени честитки. Ова прилепско училиште покажа пример за сите средни училишта и млади луѓе во земјава  – дека кога сите сме едно, кога сме заедно,  се достигнуваат поголеми успеси.