Saturday, September 25, 2021

Свечено сечење на лента во oсновното училиште Стив Наумов во Битола

Реновирањето и реконструкцијата на покривот и изградбата на пристапна рампа беа суштинските придобивки од завршениот процес на реновирање на основното училиште Стив Наумов во Битола.  За таа пригода на 22 мај 2013 година беше организирано свечено сечење лента чии домаќини беа училиштето и Општина Битола.  Родителите, наставниците, децата, претставниците на општината, УСАИД и тимот на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието беа воодушевени од позитивната атмосфера и различните изведби на училишниот хор, оркестарот и останатите настапи.

Градоначалникот на Општина Битола и Директорот на Канцеларијата на УСАИД за демократија и управување, г-дин Мајкл Стиватер ја истакнаа важноста на меѓуетничката интеграција во училиштата.

Процесот на реновирање е финансиски поддржан од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави/Европска команда (ЕУКОМ).