Friday, October 20, 2017
Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Преку 1000 наставници, ученици, родители, претставници од образовните институции, граѓански организации, УСАИД и ЕУКОМ ги ...

Повеќе

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на  училишните објекти

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на училишните објекти

По организираните обуки за одржување на училиштата наменети за членовите на тимовите за реновирање на ...

Повеќе

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

При крајот на јануари, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Улогата и поддршката ...

Повеќе

Одржана обука за креативни корнери

Одржана обука за креативни корнери

При крајот на јануари во Скопје се одржа тридневна обука за креативни корнери на која ...

Повеќе

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Во текот на неделата, во четири модел училишта: ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Бајрам Шабани“ ...

Повеќе

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

При крајот на декември се одржаа два свечени настани на сечење лента во основните училишта ...

Повеќе

ПМИО низ бројки – што направивме досега?

Почетоците…

На почетокот на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, потпишавме Меморандум за разбирање и соработка со Министерството за образование и наука (МОН) а Меморандуми за партнерство беа потпишани и со Бирото за развој на образованието (БРО), Центарот за стручно образование и обука (ЦСОО) и Државниот просветен инспекторат. Ги воспоставивме принципите на соработка и со општините, и со училиштата, со што ја изградивме рамката преку која заеднички придонесуваме за подобрување на меѓуетничката интеграција во образованието

Проектот почна да се спроведува во четири пилот општини, Битола, Бутел, Струмица и Тетово. ПМИО се фокусираше на градењето на капацитетите на припадниците на училишните раководства и наставниците преку различни обуки, во тесна соработка и партнерство со образовните институции. Советниците од БРО и ЦСОО и државните просветни инспектори на национално и регионално ниво активно учествуваа во активностите за зајакнување на капацитетите насочени кон постигнување на одржливи промени во образовниот систем.

foto1

Училиштата формираа партнерства за организирање на заеднички активности и создавање услови за  учениците да развиваат нови идеи и иницијативи за зајакнување на меѓуетничката соработка.

Започнавме со обуки на припадниците на стручните служби од секое пилот -училиште, кои резултираа со многу идеи за тоа како да се привлечат родителите и да се вклучат во планирањето и спроведувањето на меѓуетничките активности во училиштата. Припадниците на стручните служби ги споделуваа стекнатите знаења со своите колеги во училиштата, со цел родителите да се вклучат активно во подобрувањето на активностите.

foto2На учениците и наставниците од неколку училишта од различни делови на земјата им беше обезбедена обука, квалификации и насоки за спроведување на креативни работилници, во кои културата и уметноста, преку различни методи, се користеа за подобрување на меѓуетничката интеграција,  а се организираа и голем број јавни презентации на нивните креации пред врсниците, родителите и заедницата.

Огромно значење и поддршка му беше дадено на градењето на поблиска соработка меѓу медиумите и училиштата. Група истакнати уредници и новинари развија формат на работилница, кој им овозможува на наставниците и на учениците да научат како да создадат мултимедијални содржини во нивните училишта и да помогнат успешните приказни и добрите практики да излезат на површина.

Уште од самиот старт, Проектот инвестираше значајни средства за подобрување на училишните објекти и услови, давајќи им на тој начин на училиштата дополнителен мотив за успешна меѓуетничка интеграција. Веќе во 2012 беа официјално пуштени во употреба десетина училишта, а во други 11 кои се избраа преку конкурс започна процесот на реновирање.

 

Во 2013….

Infografic IIEP-МАК2013 ја одбележаа многу успешни активности, кои покажаа дека вложениот труд ги дава очекуваните резултати. Училиштата и наставниците уште од самиот почеток ја поздравија оваа иницијатива и ја оценија како многу потребна, бидејќи за првпат во Македонија еден проект системски работи на градење на капацитетите на сите наставници и училишните раководства за меѓуетничка интеграција во образованието. Во оваа година, покрај зафатите за реновирање и градењето на капацитетите на училишните кадри и родителите, фокусот беше ставен на вклучување на учениците во проектот преку спроведување на најразлични заеднички ученички активности.

Во текот на оваа година, ПМИО ги прошири своите активности и работеше со 38 општини и 190 средни и основни училишта. Со активностите беа опфатени директорите, наставниците, учениците, училишните одбори како и родителите. Во училиштата од осумте нови региони се формираа тимови за училишна интеграција, на кои им беше обезбедена обука, квалификации и насоки за концептот на меѓуетничка интеграција, кои беа успешно промовирани и спроведувани во партнерските активности кои ги реализираше секое од овие училишта.

Училиштата со различен наставен јазик изработија акциони планови за заеднички активности и потпишуваа партнерства со други училишта. Во текот на 2013 се формирани 52 партнерства помеѓу 128 училишта кои заеднички ќе ги реализираат своите активности. Преку овие заеднички активности учениците и наставничкиот кадар со различна етничка припадност од различни училишта се запознаваат меѓу себе, комуницираат, соработуваат и функционираат како група со исти интереси и размислувања.

Forum teatar TetovoНе помалку вредни се и креативните работилници и форум – театрите, преку кои младите учат да се изразуваат креативно, да го изразуваат слободно своето мислење и ставови, како и да ги слушнат останатите соученици за нивните размислувања. Се организираа повеќе јавни настани, каде што се развиваше дебата, и преку кои се промовираа креативните производи на учениците.

Освен ваквиот начин на изразување на креативноста, организиравме голем број спортски и забавни активности и манифестации, преку кои учениците и наставниците од различни етнички заедници и градови учеа да играат интересни игри, преку кои се запознаваа, забавуваа и другаруваа. Во текот на годината, неколку вакви настани се спроведуваа со училиштата од DSC06999Битола и Тетово, а на стадионот во скопски Чаир организиравме голем завршен настан, на кој учениците од основните училишта „Наим Фрашери“ и „Кикиш“ од Тетово, „Кирил Методиј“ од с. Романовце, „Браќа Рибар“ од с. Табановце; „Адем Јашари“ од Чаир, „Мите Богоевски“ од Ресен, како и училиштата „Даме Груев“ и „Елпида Караманди“ од Битола, ги покажуваа нивните спортски вештини. Повеќе од 360 ученици присуствуваа на овој настан.

Покрај големиот број на активности со младите и наставниците во училиштата, посебен акцент ставивме и на наставниот кадар на државните факултети за идни наставници. Целта на оваа активност е да се воведат нови наставни содржини, кои ќе ги подготват идните наставници за работа во една интегрирана средина.

Во текот на 2013 година беа реновирани 11 училишта. Децата и вработените добија нови подови, кровови, врати, прозорци, тоалети и греење во своите училишта. Го отворивме и конкурсот за реновации и за училиштата кои се вклучуваат во последната фаза на овој проект, кој побуди голем интерес кај нив, и покажа дека училиштата се свесни за придобивките кои можат да ги добијат преку ПМИО.