Sunday, October 17, 2021

Обука за обучувачи за креативни работилници

На тридневна обука за обучувачи учествуваа 12 наставници од средните училишта од општините Прилеп, Кавадарци, Кочани, Гостивар, Охрид и Чаир во Скопје од 26 до 28 февруари 2014 година. Обуката имаше за цел да ги развие вештините на наставниците од училиштата кои потоа ќе го пренесат своето знаење врз своите ученици во избраните општини.
Експертите и уметниците преку методолошки пристап кој што е комбинација меѓу индивидуална и групна работа, работеа на запознавање на културите на другите. Исто така тие пренесоа знаења за предрасудите и стереотипите како и начини на разрешување на конфликти преку игра.

Од оваа обука научив многу работи, особено во практичниот дел од обуката. Преку работилниците го пронајдов тој креативен дел кој што мислев дека го немам меѓутоа во текот на оваа тридневна обука се пронајдов себеси. Мислам дека имам еден креативен дел кој што понатаму ќе ми овозможи да ги пронајдам тие креативни моменти кај учениците. Сите овие искуства што ги стекнав на оваа обука ќе ги пренесам кај учениците и ќе работиме на доста теми. Ќе решаваме доста проблеми кои што нив ги тештат, од мултиетнички аспект меѓутоа и од секојдневието. Сето тоа ќе  го пренесеме преку игра и забава – изјави професорот од СОУ Орде Чопела од Прилеп, Игор Галовски.

Наставниците ќе започнат со изведување на 12 креативни работилници во периодот од април – јуни со групи од 20тина ученици, по што ќе следи презентација на финалните продукти кои ќе произлезат од тој процес.