Friday, July 30, 2021

Нови прозорци за подобар и заеднички светоглед

DSC03193Голема мешаница, блескави насмевки, возбудени ученици и родители насобрани пред влезот на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола, ги пречекаа високите претставници на УСАИД, Американската амбасада во Македонија, Европската команда на американската војска, Министерство за образование и наука и општина Битола.  Вака започна свечениот настан на 28 мај, со кој се одбележа завршувањето на реновирањето во училиштето, кое се реализираше преку партнерството помеѓу Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и општина Битола.

За време на свечената програма, со говор на присутните во салата им се обрати Џејмс Стеин, директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија,  кој се осврна на постигнувањата и активностите на овој проект и неговото значење за подобрување на меѓуетничката интеграција во образовниот процес. “Преку различни активности, проектот гради пријателства и ги премостува етничките поделби. Овие пријателства не само што ги збогатуваат животите на оние кои ги формираат, туку тие се основа за поголема соработка, како и интегрирана, и мирна иднина за Македонија”, истакна Стеин.  Свои говори за значењето на овие активности и на меѓуетничката интеграција во училиштата одржаа и воздухопловното аташе на Американската амбасада во Македонија, потполковник Борис Гершман, градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, извршниот директор на Македонскиот центар за граѓанско образование, Лорета Георгиева и директорот на училиштето „Ѓорги Сугарев“, Загорка Јовчевска.

По говорите, следеше одлична забавна програма, изготвена од учениците и наставниците на училиштето. За почеток,  интегрирано оро со ученици од мешан етнички состав. По оротDSC03255о, следуваше изложба на учениците, кои претставија изработени кукли со традиционални носии од различни етнички заедници на Македонија, и цртежи кои прикажуваат соживот. На крајот, со сечење на лента во холот, беа пуштени во употреба новите прозорци, на кои целото училиште им се израдува неизмерно.

Во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ учат деца Македонци, Роми, Албанци и Турци, а училиштето ќе продолжи да спроведува и организира активности за меѓуетничка интеграција во подобрени услови за учење и дружење.  Да се надеваме дека овие нови прозорци ќе ги поттикнат сите во училиштето да се дружат, да создаваат нови заеднички вредности, и да отвораат нови, позитивни светогледи кон иднината.