Sunday, October 17, 2021

Креативни работилници во средното училиште Арсени Јовков

Учениците од средното училиште Арсени Јовков, oпштина Бутел заедно со наставниците, тимот на ПМИО, претставници на Мултимедија и експерти се собраа во училиштето на неформална средба за да дознаат повеќе за проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, културна разновидност и меѓукултурен дијалог што ќе бидат обработувани преку сет на креативни работилници планирани за октомври и ноември 2012 година.

21 ученик, кои ќе бидат дел од овие креативни работилници, а ќе бидат предводени од нашата партнер организација Мултимедија, на првиот неформален собир имаа можност преку неколку вежби да дознаат повеќе едни за други. На крајот, сите имаа можност да увидат дека работилниците ќе овозџможат возбудата, можностите за изразување на своите креативни вештини и соработка.