Sunday, December 4, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Напредна обука за обучувачи- меѓуетничка интеграција во образование за дво/три јазични училишта

Во рамки на компонентата градење капацитети на училишно раководство и наставниците се одржа напредна обука за мастер обучувачи кои се подготвуваа за спроведување на обуки за  меѓуетничка интеграција во образование за дво/три јазични училишта.  Обуката се одржа на 4 и 5 март 2013 во Скопје.

Мастер обучувачите учествуваа во практични активности кои им помогнаа да се запознаат со новите приоди на работа за  подобрување на состојбите и внесување промени во поглед на меѓуетничка интеграција во образованието во дво/три јазични училишта во пилот општините.

Мастер обучувачите се стекнаа со знаења и компетенции кои ќе им ги пренесат на тимовите за училишна од дво/три јазични училишта во пилот општините за да може успешно да  ги спроведуваат заедничките активности кои ќе овозможат максимална интеракција со ученици од сите наставни јазици застапени во училиштето. Акцентот беше ставен на успешни практики за спроведување на екскурзии, секции, приредби, спортски активности и мултикултурни работилници.

Исто така мастер обучувачите се оспособија со стратегии кои на тимовите за училишна интеграција ќе им ги понудат за подобрување и промени во следните домени од училишното живеење, како: соработката меѓу наставниците со учество на заеднички обуки за професионален развој; учество на родителите во заедничко планирање на активностите; и создавање атмосфера во училиштето за мечуетничка интеграција во образованието.

Обучените мастер обучувачи своите знаења ќе им ги пренесуваат на тимовите за училишна интеграција од 23 дво/три јазични од вкупно 58 основни и средни училиштата во  од пилот општините Бутел, Тетово, Битола и Струмица.