Tuesday, September 28, 2021

6.11 – Прилеп – Заедничка професионална соработка помеѓу ОУ „Блаже Конески“ од Прилеп и…

6.11 – Прилеп – Заедничка професионална соработка помеѓу ОУ „Блаже Конески“ од Прилеп и ОУ „Реџо Рушит Зајази“ од Зајас, Кичево

Наставниците и училишното раководство од ОУ „Блаже Конески“ од Прилеп и ОУ „Реџо Рушит Зајази“ од Зајас, Кичево ќе одржат заеднички наставнички совет каде ќе го дискутираат годишното планирање на активности за меѓуетничка интеграција. На средбата, наставниците ќе имаат можност да работат во помали групи, заедно со своите колеги од другото училиште, за конкретно планирање на активностите вклучени во годишната програма.