Thursday, June 17, 2021

6.10 – Скопје – Форум за прибирање средства за поддршка на активностите за МИО…

6.10 – Скопје – Форум за прибирање средства за поддршка на активностите за МИО

Форумот за прибирање средства ќе се одржи од 11:00 часот до 13:30 во Хотел Континентал, Скопје. На регионалниот форум за прибирање средства со одговорните лица за образование и директорите на училиштата ќе се разговара за можните начини за прибирање на финансики средства за училиштата со цел поддршка активностите за МИО, за постоечките законски олеснувања во прибирањето средства за оваа цел (кои ви се можеби и познати) и за позитивните примери на училишта кои обезбедиле дополнителни финансики средства за поддршка на МИО за времетраење на ПМИО.