Tuesday, June 15, 2021

6.04 – Скопје – Заедничкa ученичкa активност во ОУ „Његош“ од Скопје…

6.04 – Скопје – Заедничкa ученичкa активност во ОУ „Његош“ од Скопје

Од 12:00 до 14:00 часот, во рамки на програмата за мали грантови, училиштето ќе ја реализира активноста „Празнуваме се радуваме“. Во активноста ќе бидат вклучени над 40 ученици од албанска, македонска и ромска етничка припадност. Учениците ќе реализираат драмска претстава која е подготвена како резултат на заедничко истражување во врска со верските празници, преку интервјуа на семејства од трите етнички групи. Родителите беа вклучени во целиот процес преку превод на текстовите, изработка на костими, сценографија и готвење на традиционалните трпези кои ќе бидат презентирани на настанот.