Monday, September 27, 2021

29.04 – Битола – Заедничка ученичка активност – Заедничка екскурзија…

29.04 – Битола – Заедничка ученичка активност – Заедничка екскурзија

Од 9:00 до 17:00 часот, мешана група од над 50 ученици и наставници од средното економско училиште од Гостивар , ќе реализираат заедничка екскурзија во Битола. Групата ќе посети различни објекти кои се важни за културниот идентитет на сите застапени заедници во училиштето. Претходно, групата имала подготвителни средби на кои во мали групи се собрани податоци за местата кои ќе се посетат и тие податоци ќе се читаат пред целата публика.