Sunday, June 20, 2021

27.05 – ОУ „Симче Настоски“, Вратница – Заеднички ученички активности…

27.05 – ОУ „Симче Настоски“, Вратница – Заеднички ученички активности

Како дел од програмата за мали грантови основното училиште „Славчо Лумбарковски“од Новаци ќе реализира неколку активности со своето партнер училиште ОУ „Симче Настоски“ од Вратница. 12 ученици од македонски и албански наставен јазик ќе истражуваат за значајни личности од македонската и албанската култура кои потекнуваат од регионот каде се наоѓаат училиштата. 16 ученици заеднички ќе изработуваат сликовница за културните знаменитости од регионот. Друга група од 12 ученици ќе прават споредбена анализа на аерозагадувањето во општините Јегуновце и Новаци. Паралелно со овие активности 12 ученици ќе учествуваат на спортски натпревар во фудбал и кошарка.