Friday, July 30, 2021

27.05 – Куртамзали – Заедничкa ученичкa активност во ОУ “Кочо Рацин“…

27.05 – Куртамзали – Заедничкa ученичкa активност во ОУ “Кочо Рацин“

Од 9:00 до 13:00 часот, во рамки на програмата за мали грантови, ОУ “Кочо Рацин“ од Дојран, ќе реализира активности со ученици од истоименото подрачно училиште. Ученици од 3 и 4 одделение, во мешан состав, ќе учествуваат во работилница каде преку пишување на пораки ќе учат да ги прифаќаат разликите кај другите. Во рамки на еколошката акција, ученици од 4 и 5 одделение ќе истражуваат за хигиената во училиштето и како да се подобри истата. Друга група од 16 ученици, ќе учествува во спортска активност насловена “Игри без граници”.