Friday, July 30, 2021

25.04 – Дебар – Заедничкa ученичкa активност во ОУ „Саид Најдени“…

25.04 –Дебар– Заедничкa ученичкa активност во ОУ „Саид Најдени“

Од 12:00 до 15:00 часот, во рамки на програмата за мали грантови, училиштето ќе реализира заедничка спортска активност со своето партнер училиште ОУ „Ристе Ристески“ од Косоврасти.Кошаркарскиот натпревар помеѓу двата етнички мешани тима на ученици ќе биде одлична можност за дружба и запознавање на учениците. На средбата ќе бидат присутни директорите, тимовите за училишна интеграција од двете училишта и родители.