Friday, December 3, 2021

24.11 – Врапчиште – Работна средба за поддршка и обезбедување одржливост на…

24.11 – Врапчиште – Работна средба за поддршка и обезбедување одржливост на реновираните училишта

Од 11:00 до 14:00 часот, во ОУ „Врапчиште“ од Врапчиште ќе се одржи работна средба за поддршка со членовите на тимот за училишна интеграција од училиштата кои беа вклучени во трета фаза на реновирање. Целта на работната средба е да се направи самопроценка на досегашните реализирани активности за МИО во училиштата и да се одредат приоритети при планирање на идни активности за унапредување на МИО и за одржливост на постигнатите промени.