Sunday, May 16, 2021

22.05 – Кожуф – Заедничкa ученичкa активност во детското одморалиште “Михајлово”…

22.05 – Кожуф – Заедничкa ученичкa активност во детското одморалиште “Михајлово”

Од 12:00 до 18:00 часот, во рамки на програмата за мали грантови, основното училиште “Тоде Хаџи Тефов” од Кавадарци, ќе реализираактивности со своето партнер училиште, ООУ “Бајрам Шабани“ од Кондово. 40 ученици, од 6-то одделение, од двете училишта, во мешан состав, ќе учествуваат на работилница за тимска работа и соработка. Друга група од исто така 40 ученици, ќе засадува цвеќиња во рамки на еколошката акција. За крај на активностите се предвидува работилница на која ќе учествуваат сите присутни и на која ќе бидат испратени пораки за продолжување на заедничката соработка меѓу двете училишта.