Saturday, September 25, 2021

22.05 – Канатларци, Прилеп – Заедничкa ученичкa активност во ОУ “Кирил и Методиј“…

22.05 – Канатларци, Прилеп – Заедничкa ученичкa активност во ОУ “Кирил и Методиј“

Од 10:30 до 13:30 часот, во рамки на програмата за мали грантови, училиштето ќе реализира заеднички активности со своето партнер училиште ОУ “Синиша Стоилов” од Зрновци. 16 ученици од двете училишта ,во мешани парови,ќе изработуваат принтови на маички. Друга група на ученици ќе творат на тема “Моќта на пишаниот збор”. Во рамки на активностите се планира да се одржи спортски натпревар во фудбал и кошарка, во кој ќе учествуваат 32 ученици, од двете училишта, во мешан состав. Родителите ќе бидат вклучени во активноста во улога на судии на натпреварот.Паралено со оваа активност, во дворот на училиштето, ученици од 5-9 одделение ќе сликаат на тема “Различни а сепак исти“.