Sunday, May 16, 2021

22.04 – ОУ „Кочо Рацин“ с.Блатец, Виница – Заедничка ученичка активност…

22.04 – ОУ „Кочо Рацин“ с.Блатец, Виница – Заедничка ученичка активност

Од 10:00 до 16:00 часот, по повод својот патронен празник, училиштето ќе реализира неколку активности во соработка со партнер училиштето ОУ „Врапчиште“од Врапчиште. Ученици од македонски, албански и турски наставен јазик од двете училишта ќе рецитираат поезија од поетот Кочо Рацин. Потоа, етнички мешана група на ученици ќе изведе ора карактеристични за трите националности (македонска, албанска и турска). Исто така се планира да биде одржан пријателски натпревар во ракомет и футсал. На крај на денот во училишниот двор, ќе биде засадено „Дрво на пријателството“  како потсетник на оваа заедничка средба.