Saturday, September 18, 2021

22.04 – Куманово – Заедничкa ученичкa активност во ОУ „Јероним Де Рада“…

22.04 – Куманово – Заедничкa ученичкa активност во ОУ „Јероним Де Рада“

Во рамки на програмата за мали грантови, училиштето ќе реализира активности со своето партнер училиште ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка. Планирани се три работилници.Во рамки на првата работилница децата ќе го учат јазикот на другата етничка заедница на базично ниво преку употреба на англискиот јазик. Друга група ученици ќе изработуваат ликовни и литературни творби како дел од работилницата насловена “Пријателство “. Истажувајќи интересни факти за верските празници Велигден и Бајрам,мешана група од ученици од 6-9 одделение ќе изработат хамери со нивни трудови посветени на прославувањето на овие верски празници.Ќе креираат текстови , песнички и цртежи. Паралелно со овие работилници планирана е и спортска активност насловена како “Игри без граници”.