Wednesday, December 8, 2021

20.11 – Куманово – Заедничка ученичка активност помеѓу ОУ „Христијан Карпош“ од Куманово и…

20.11 – Куманово – Заедничка ученичка активност помеѓу ОУ „Христијан Карпош“ од Куманово и ОУ „7 Марси“ од Липково

После неколку средби и реализирани заеднички активности, учениците од училиштата ОУ „Христијан Карпош“ од Куманово и ОУ „7 Марси“ од с. Опае, Липково ќе имаат јавна презентација на нивните активности и продукти. Презентациајта вклучува драмска изведба на претставата Снежана и седумте џуџиња, спортска активност, продукти од креативни ликовни работилници, изложба на фотографии и активност за запознавање на животната средина. Активностите ќе траат од 10:45 часот до 13:00 во ОУ „Христијан Карпош“.