Sunday, May 16, 2021

20.05 – СУГС „Георги Димитров“, Скопје – Заедничкa ученичкa активност…

20.05 – СУГС „Георги Димитров“, Скопје – Заедничкa ученичкa активност

Средното училиште „Георги Димитров“ од Скопје ќе реализира завршна активност со партнер училиштето СГГУГС „Здравко Цветковски“ од Скопје. Од 13:00 до 14:30 часот, ќе биде организирана изложба на фотографии направени од посетата на учениците од овие две училишта на Тетово и Лешок. На активноста ќе учествуваат 40 ученици и е дел од програмата за мали грантови.