Sunday, June 20, 2021

14.04 –Делчево – Заеднички ученички активности во ОУ „Св. Климент Охридски“…

14.04 –Делчево – Заеднички ученички активности во ОУ „Св. Климент Охридски“

Од 11:00 до 19:00 часот, во рамки на програмата за мали грантови, училиштето ќе реализира активности во партнерство со училиштето „Толи Зордумис“ од Куманово. Ова е веќе втора средба која се реализира помеѓу овие две училишта. Учениците од двете училишта заеднички ќе составуваат песни на двата јазика, ќе имаат натпревар, во мешани групи, за изработка на најдобро јајце изработено од рециклирани материјали и ќе имаат забавни спортки игри.