Saturday, June 12, 2021

14.04 –Врапчиште – Заеднички ученички активности во ОУ „Мехмет Дерала“…

14.04 –Врапчиште – Заеднички ученички активности во ОУ „Мехмет Дерала“

Од 12:00 до 15:30 часот, во рамки на програмата за мали грантови, училиштето ќе реализира активности во партнерство со училиштето „Петар Мусев“ од Богданци. Средбата меѓу училиштата ќе се реализира за време на патрониот празник на училиштето домаќин, и по тој повод учениците од двете училишта ќе изведат неколку заеднички точки. По реализација на приредбата, учениците ќе имаат заедничка посета на изворот на реката Вардар, Вруток.