Sunday, May 16, 2021

13.03 – Скопје – Заедничка ученичка активност за значењето и улогата на жената во општеството…

13.03 – Скопје – Заедничка ученичка активност за значењето и улогата на жената во општеството

Од 10:30 часот до 13:00, во ОУ „Братство“ од Карпош ќе се одржи заедничка ученичка активност помеѓу училиштето домаќин и ОУ „Вера Циривири Трена“ од Карпош. Вкупно 32 ученици, од овие две училишта, ќе го дискутираат значењето и улогата на жената во општеството. Потоа, во мешани парови, учениците ќе изработуваат светни аранжмани, направени од хартија, кои потоа секој ученик ќе ги подари на мајката на неговиот соученик од партнерското училиште. Активноста ќе заврши со заедничка приредба посветена на мајките од двете училишта.