Monday, September 27, 2021

10.09 – Локалитет Куклица, Кратово – Заедничка ученичка активност помеѓу ОУ “Христијан Тодоровски Карпош”…

10.09 – Локалитет Куклица, Кратово – Заедничка ученичка активност помеѓу ОУ “Христијан Тодоровски Карпош” с.Драгоманце, Старо Нагоричане и ОУ “Кирил и Методиј “с.Романовцe

Вкупно 40 ученици, од овие две училишта, ќе го посетат локалитетот Куклица во Кратово. Преку истражување на легендата за постанокот на локалитетот Куклица и раскажување на други легенди поврзани со македонската и албанската традиција, ќе се оствари меѓусебно запознавање, дружење и соработка помеѓу учениците и наставниците од двете училишта. За крај на оваа средба се планира и посета на културно историските споменици на град Кратово.