Tuesday, August 3, 2021

10.06 – Конче – Заедничкa ученичкa активност во ОУ “Гоце Делчев”…

10.06 – Конче – Заедничкa ученичкa активност во ОУ “Гоце Делчев”

Од 9:00 до 10:00 часот, во рамки на програмата за мали грантови, ОУ “Гоце Делчев” од Конче ќе реализира активност со ученици од македонски и турски наставен јазик. Преку активноста, учениците ќе ги претстават традициите по повод празнувањето на Бадниковата вечер во христијанската вера и празнувањето на Рамазан Бајрам во муслиманската. Во активноста ќе учествуваат ученици од 2 одделение, како и нивните родители и наставници. Учениците, заедно со родителите, во мешани групи ќе подготвуваат традиционална храна во нивните домови која потоа ќе се презентира пред присутните за време на настанот.