Tuesday, September 28, 2021

3.04 – Дебар – Заедничкa ученичкa активност во ОУ „Ристе Ристески“од Дебар…

3.04 – Дебар – Заедничкa ученичкa активност во ОУ „Ристе Ристески“од Дебар

Од 13:30 часот до 16:30, во рамки на програмата за мали грантови, училиштето ќе реализира креативна работилница во соработка со своето партнер училиште ОУ „Саид Најдени“ од Дебар. Вкупно 20 ученици, 5 наставници и 3 родители заеднички ќе учат за културите и народните носии на различите етникуми. Учениците од двата наставни јазици, во мешани групи, заеднички ќе изработуваат киски и ојни- елементи од народните носии на двата етникуми.