Tuesday, September 28, 2021

02.10 – Крушево – Заедничка ученичка активност помеѓу СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево и…

02.10 – Крушево – Заедничка ученичка активност помеѓу СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево и ОСТУ „Никола Штејн“ од Тетово

Од 11:00 до 15:00 часот, учениците кои учат на албански наставен јазик од тетовското училиште ќе го посетат Крушево и ќе имаат разгледување на градот заедно со нивните соученици- домаќини од македонски наставен јазик. Учениците заедно ќе ја посетат галеријата на Никола Мартиноски, спомен куќата на Тодор Проески, родната куќа на Питу Гули, комплексот Македониум и уште неколку знаменитости во Крушево. Потоа заеднички ќе реализираат спортски активности како и работилница за печатење предмети со 3-D принтер.