Friday, December 2, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Шарена мартинка на рака – како потсетник за интегрирана иднина на учениците

Учениците и наставниците од училиштата „Вера Циривири Трена“ и „Братство“, од општина Карпош подготвија и спроведоа низа активности за меѓуетничка интеграција во образованието во текот на учебната 2013/2014 година. Двете училишта работеа неуморно, во духот на заедничките интереси и елиминирање на предрасудите и нетолерантноста кон луѓето од различни припадности. Резултатот е одличен – бројни продукти, многу дружба, и нов светоглед. Постигнувањата од блиската соработка ги ставија на неколку листа хартија и ни изготвија шарен билтен, со бројни слики и приказни од реализираните активности.

dsfsdfНетрпеливи за зближување со новите другарчиња, при посетата на „Братство“ по повод празникот Курбан Бајрам кој се совпадна со денот на потпишување на меморандумот за партнерство меѓу училиштата, учениците од „Вера Циривири Трена“ им подготвија празнични честитки на другарчињата од „Братство“.  За возврат, учениците домаќини ги пречекаа гостите со големо шеќерно изненадување – баклава. Веселата атмосфера и енергијата на учениците за време на оваа посета укажа дека овие две училишта ќе имаат долгогодишна и плодна соработка.

ewwerИ така, една по друга, се редеа успешни заеднички активности. Денот на дрвото беше заеднички одбележан со присуство на уметникот Живко Поповски-Цветин, кој ги учеше децата да цртаат цвеќиња и им помогна при садење на дрво во училишниот двор, симбол за заедничка блескава и здрава иднина на децата. По успешното садење на дрвото, децата заеднички проследија интегрирани часови по англиски, природни науки и ликовно.

Јазикот на математиката е универзален, велат наставниците во билтенот. Тој не знае за предрасуди и етнички разлики. Бројката како симбол  во секоја култура е иста, вредноста е иста, па затоа на ниво на стручен актив се оствари успешна соработка помеѓу математичарите од „Вера Циривири Трена“ и „Братство“, со уште поуспешен час каде учениците според запазените критериуми за меѓуетничка интеграција во образованието ги решаваа предизвиците зададени од наставниците.

И, за крај, вреди да се спомене активноста за Денот на мартинките, кога ученици од двете училишта заеднички изработија мартинки – алки исплетени од две бои, белата и црвената, и ги продаваа на присутните родители и ученици на овој заеднички настан. Со собраните пари, учениците од двете училишта отидоа во кино.

Се надеваме дека соработката помеѓу  двете училишта нема да престане тука, и дека мартинките на нивните рачиња ќе служат како потсетник за тоа дека шаренилото е богатство, кое на сите може да ни донесе повеќе знаење и успеси.