Tuesday, December 6, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Училиштата „Крсте Мисирков“ и „25 Мај“ порачуваат: Со соработка, до повеќе дружење, среќа и насмевки кај децата

IMAG0400Со танци и ора, учениците од основните училишта „Крсте Мисирков“ и „25 Мај“ од општина Гази Баба ja започнаa презентацијата на заедничките активности кои ги спроведуваа во текот на целата година. На заедничката манифестација, која се одржа на 16 јуни во салата во ОУ „Крсте Мисирков“, децата ги прикажаа резултатите на нивното творештво – многу игра, цртежи, песни, уметност и креативност, а сето тоа изработено заеднички, во испреплетени и мешани групи.  Финалната дружба и забава помина во прекрасна атмосфера, пред голем број на присутни родители, соученици и наставници.

Програмата имаше по нешто за сечиј вкус.  Покрај модерен танц на учениците од двете училишта,  се играше традиционалното албанско оро „Шота“ и македонска фолк точка. Родителите развеселени ги придружуваа талентираните ученици со ракоплескање во ритамот на музиката, додека во позадина се проектираше видео со два гулаби во лет, кои симболизираат мир и соживот.

Еден од учениците од „25 Мај“ ги презентираше искуствата од нивната посета на партнерското училиште за Велигден, додека ученичка од  „Крсте Мисирков“ зборуваше за сето она што го научиле за празникот Бајрам од нивните другарчиња од „25 Мај“. Освен ова, учениците од двете училишта се сретнале и за 8ми март за заедничка изработка на честитки, по што заедно го одбележале и Денот за заштита од интернет, каде што научиле за предностите и опасностите што ги носи современата технологија. Во заедничките активности, секако, секогаш има простор и за грижата за  природата, па така,  на неколку наврати, учениците од двете училишта заеднички  ги чистеле училишните дворови. Ова се само дел од убавите работи кои ги направиле децата и нивните наставници заедно, а кои беа претставени на презентацијата.

На крајот на средбата пред целата публика се обратија децата. Без ни малку трема, раскажаа колку им било забавно додека се дружеле со своите другарчиња од партнерското училиште. За поткрепа на зборовите, покажуваа кон штандовите, на кои покрај заедничките цртежи и други уметнички творби, се наоѓаа и фотографии од спроведувањето на заедничките активности, од кои  без многу зборови, можете да ја почувствувате среќата и задоволството на учениците, без оглед на припадноста.  Со насмевкa на лицето, еден ученик од второ одделение во „Крсте Мисирков“ вети: ова другарување ќе продолжи и во иднина.