Sunday, December 4, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Турнир во кошарка во СГГУ „Здравко Цветковски“ – за јакнење на спортскиот дух, толеранцијата и соживотот

IMG_4414newОд 5 до 12 декември, во спортската сала на СГГУ „Здравко Цветковски“ од Скопје се одржа турнир во кошарка. Средношколците од ова училиште, поделени во четири мешани екипи, приредија пет дена на меѓусебно интензивно дружење, соработка, почит и фер игра.

Пред почетокот на турнирот, организаторите формираа четири екипи, по една за секоја наставна година, а секоја од екипите беше составена од осум „кошаркари“ и „кошаркарки“. Екипите беа мешани, и тоа не само по наставен јазик, туку и по пол. Натпреварувањето беше замислено така што секоја екипа имаше можност да игра со сите други екипи, а најдобро пласираните две екипи играа финале на крај на турнирот. Учениците од втора година покажаа дека возраста не е пресудна во спортот, и со пожртвуваност, фер игра и тимски дух, ги надмудрија останатите екипи, освојувајќи го турнирот.

Забавата и спортот не престанаа со финалето. На покана од Училишната заедница, професорите и професорките, кои предаваат на различни наставни јазици, го прифатија предизвикот да одиграат ревијален меч со победничката екипа Главниот резултат – уште поголема сплотеност и блискост помеѓу младите и возрасните, учениците и наставниците,  Македонците, Албанците, Турците, кои за време на целиот турнир дишеа во духот на заедништвото. Победници на турнирот не беа само учениците од втора година, туку цело училиште, бидејќи сите заедно демонстрираа дека заедно – се може сè.