Sunday, December 4, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Со меѓусебни посети на училиштата до поголема интеграција меѓу младите

foto6Една од клучните активности на ПМИО е организирање на меѓусебни посети и создавање партнерства помеѓу училишта од различни градови со различен етнички состав. Ваквата соработка очигледно придонесува не само за запознавање на другиот, неговата култура, традиција, јазик и обичаи, туку и зајакнување на професионалната соработка меѓу колективите, градење на пријателства кои траат и по завршување на активностите, како и на одржлива соработка помеѓу училиштата и за други активности од заеднички интерес. Досега, преку проектот се воспоставија дваесетина вакви партнерства, во кои училишта од различни делови на Македонија се посетуваат меѓу себе, организираат заеднички приредби, посета на институции, културни и природни знаменитости, и други креативни активности преку кои учениците се запознаваат, другаруваат и учат повеќе за другите заедници. Освен тоа, ваков тип на посети се организира и помеѓу модел – училиштата кои беа избрани на конкурс на почетокот на проектот,  а кои и по својот мешан етнички состав и по интегрираниот начин на работа претставуваат пример за тоа како треба да се гради меѓуетничка интеграција во образовниот систем.

GUC 3 IMG_3782Кон крајот на месецот јануари годинава се одржаа три промотивни настани, а на секој од нив по две модел училишта  (училиште – домаќин и училиште – гостин) ги презентираа активностите што ги реализирале во рамките на ПМИО во првото полугодие. На првиот ваков настан, на кој основното училиште „Санде Штерјоски“ од Кичево му беше домаќин на О.У  „Братство Единство“ од Охрид, училиштата се претставија со демонстрација на интегрирани ора кои биле дел од нивните училишни претстави. На настанот одржан помеѓу основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Бајрам Шабани“ во Куманово, учениците од овие кумановски училишта се претставија со две точки, една по повод Нова година и еден ритмички танц на англиска детска песна „Штом си среќен“. На третиот настан, пак, кој се одржа во Скопје помеѓу домаќините од средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ и гостите од средното економско училиште од Гостивар, младите  гостиварци се претставија со ритмички танц, додека нивните домаќини се претставија со заеднички настап на хорот на училиштето. Освен ова,  на секој од настаните секое училиште преку електронска презентација ги претстави активностите на кои работи сега.  Поголемиот дел од нив се долготрајни, и се очекува да бидат завршени до крајот на учебната година. Настаните беа посетени од наставници, родители, претставници на други локални училишта, претставници од клучните образовни институции (МОН, ДПИ, БРО, ЦСОО), претставници на општината и претставници на локални медиуми.

Вакви промотивни настани ќе се одржат уште еднаш до крајот на учебната година, при што училиштата кои овој пат беа домаќини ќе ја возвратат постата на нивните гости. Сите со нетрпение ги очекуваат возвратните посети – за да се продолжи другарувањето, да се покажат креативноста и резултатите, да се стекнат нови знаења, да се запознаат нови места и пријатели, и секако, да се покаже гостопримството, кое е карактеристика на сите луѓе кои живеат на ова поднебје, без оглед на припадноста.