Wednesday, December 7, 2016
Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Различни, а обединети: заедничка прослава за Денот на детето во Тетовско

20140528_151228Со спортски натпревар, садење дрвца и заедничко дружење, учениците и колективите на партнерските училишта ОУ „Асдрени“ од с. Глоѓи, Тетовско и ОУ „Страшо Пинџур“ од с. Јосифово, Валандовско, го одбележаа Меѓународниот ден за заштита на децата, 1 јуни. На заедничката манифестација, која се одржа во селото Глоѓи во прекрасен природен амбиент под Шар планина, доминираа насмевките и возбудата, играта и  дружењето, кои како од шега ги бришеа етничките, родовите и возрасните граници.

Учениците ја започнаа програмата со спортски натпревар, формирајќи две осумчлени мешани екипи, со по четири играчи од училиштето домаќин и од училиштето гостин. Беше прекрасно да се проследи како децата се радуваат и си даваат меѓусебна поддршка за време на играта, која помина во одлична и фер атмосфера. По спортскиот натпревар, учениците  и наставниците од двете училишта, заедно со родителите од училиштето–домаќин и претставници од ПМИО и секторот за образование на општина Теарце засадија дрвца во „Паркот на другарството“. За крај на прекрасното дружење, вработените од училиштето „Асдрeни“  подготвија преубава закуска,  на која се служеше традиционална храна  од овој крај, подготвена специјално за гостите од Валандово.

Координаторот од партнерското  училиште „Страшо Пинџур“  изјави дека предрасудите кои ги имале за Албанците пред да склучат договор за соработка, повеќе ги нема. Член на училишниот совет и родител во ОУ „Асдрени“ пак изјави дека манифестацијата била на високо ниво,  и дека има прекрасни впечатоци од соработката меѓу двете училишта.  И младите и возрасните од двете училишта ветуваат дека дружењето и соработката ќе продолжат и понатаму.  А насмевките и среќата на нивните лица се доказ дека овој тип на активности се вистински погодок во напорите за интегрирање и зближување на младите во земјава, кои без оглед на разликите, покажуваат дека имаат многу заеднички интереси и работи кои ги зближуваат.  Оваа креативност и ентузијазам заслужуваат поддршка.