Tuesday, December 6, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Партнерски активности за зближување и дружење на учениците од Скопје и Струмица

На 28 февруари две училишта од Струмица и Скопје започнаа заеднички партнерски активности при што учениците од основното училиште Лиман Каба од Љуботен и Маршал Тито од Струмица имаа можност да се запознаат и дружат со своите врсници. Етнички мешана група на ученици се запознаваа и дружеа преку посета на различни знаменитости во Скопје. Околу изборот на културно историските знаменитости кои беа посетени учествуваа наставниците од двете партнер училишта преку взаемна комуникација. Посетени беа црквата СВ.Спас, џамијата Мустафа паша, Куршумли ан, Музејот на град Скопје, Спомен куќата на Мајка Тереза, Скопско кале, Плоштад Македонија  со споменикот Воин на коњ и др. споменици во блиската околина.

За таа цел наставниците по историја заедно со учениците преку интернет направија истражување за овие знаменитости  и  добиените информации ги искористија  за презентирање на секоја посетена знаменитост. Презентациите ги извршија ученици од двете училишта на трите наставни јазици (македонски, турски, албански). Сите активности беа фотографирани со цел  ученици под менторство на наставниците да изработат  заедничкиот  албум во кој ќе бидат претставени најинтересните моменти од заедничкиот ден. При изработката на албумот децата ќе контактираат и го продлабочат своето познанство.

Ова е едно запознавање на учениците, запознавање со културата на двата ентитета, македонските и албанските знаменитости. Сега на агендата, бидејќи тие беа на посета во Скопје, а ние бевме домаќини, е наша посета за два месеца на основното училиште Маршал Тито во Струмица – изјави директорот на ОУ Лиман Каба, Џезми Абдурамани.

Албумот ќе биде промовиран на наредната заедничка средба кога учениците и наставниците од партнер училиштето Лиман Каба од Љуботен ќе дојдат во Струмица во средното училиште Маршал Тито, а потоа ќе го претстават и пред своите ученици.