Friday, December 2, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Обуки за меѓуетничка интеграција во образованието за тимовите за училишна интеграција од Фаза 3

Во текот на месец март 2014, започнаа обуките за меѓуетничка интеграција во образованието за тимовите за училишна интеграција од Фаза 3. Во оваа фаза ќе бидат опфатени 40 нови општини и 183 средни и основни училишта во Р. Македонија. На обуките учесниците од повеќе градови во Македонија имаат можност да се запознаат меѓу себе, да се стекнат со нови знаења поврзани со eтничките стереотипи и предрасуди како и да ги слушнат наодите од истражувањето направено во 2013 година за интеракцијата меѓу учениците од различни наставни јазици во училиштата.

На обуките беше потенцирана соработката меѓу наставниците од различни наставни јазици како фактор за подобрување на меѓуетничката интеграција во образованието и заедничките активности на учениците од различни наставни јазици преку секции, спортски активности, приредби и екскурзии. Во фокусот на проектните активности се учениците, родителите, наставниците, администрацијата и членовите на училишните одбори од основните и средните училишта во овие 40 општини. Овие обуки ќе продолжат и во текот на месец април со членови на тимовите за училишна интеграција од општините кои не се опфатени во месец март.