Saturday, December 3, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Лекција која треба да се помни: Зборувањето различни јазици не може да нѐ спречи да бидеме пријатели

IMG_9744

Четириесет и седум ученици од основните училишта „Дитурија“ од Липково и „Вук Караџиќ“ од Куманово им одржаа лекција на возрасните која треба да се помни: зборувањето различни јазици, односно различната етничка припадност не е пречка за пријателство, забава и соработка. Напротив, интегрирањето на луѓе од различни култури, кои зборуваат различни јазици или имаат различни верувања е епитом за хармонија и раскош. Исто како и мешаното оро кое го играа учениците од двете партнер училишта, интеграцијата е прекрасна, разнобојна и исто така неопходна за танцот да продолжи беспрекорно да тече.

На 16 април, додека наставниците и учениците од Липково беа во посета на нивните колеги и пријатели од партнер училиштето во Куманово и ги спроведуваа планираните заеднички активности, тимот на ПМИО ја искористи можноста да разговара со група од овие ученици. Кога беа запрашани за тоа дали тие би се спријателиле со децата со различна етничка припадност надвор оIMG_9710д школските клупи, учениците извикаа „да“. Првоодделенец од ромската заедница рече „Јас имам многу албански и македонски другарчиња, постојано си играме со топка заедно“, а кога беше запрашано дали јазикот е пречка за нивната комуникација, тој рече „Зборувам малку албански, а доколку не можеме да се разбереме, тогаш користиме мимики.“

 Како резултат на тримесечната блиска соработка, наставниците од двете основни училишта организираа интегрирани приредби кои вклучуваа актерски и танцувачки точки и бројни забавни работилници за учениците. Во етнички мешаните групи, децата беа вклучени во разновидни активности како на пример: боење велигденски јајца и честитки, учење за различни традиционални ора, играње одбојка, посета на станица за прочистување на вода и друго. Психологот од „Дитурија“ го изјави следново за тимот на ПМИО „учениците не можеа да заспијат од возбуда, постојано доаѓаа во мојата канцеларија да ме прашаат ‘кога ќе одиме во тоа друго училиште’?“; таа исто така дополни дека ваквите видови активности е она што го прават концептот на интеграција видлив за децата и дека ваквите активности треба да бидат побројни.

IMG_9693

Неколку родители помогнаа со активностите и дадоа поддршка за концептот за меѓуетничка интеграција во образованието. Еден родител за ПМИО тимот изјави: „Би сакал да го видам моето дете да учи во мешана средина, сите сме исти, зарем не?“

Неизвалкани од социјалните конструкции кои ги делат и одделуваат луѓето со различно потекло, овие млади луѓе кои доаѓаат од две различни училишта со различни јазици на настава и етничка припадност, уживаа во денот кој го поминаа заедно. Не можеа да ја сокријат својата желба да се сретнат повторно во иднина, кога учениците од „Вук Караџиќ“ повторно ќе си играат кога ќе го посетат „Дитурија“.

Градење ваков вид партнерства и организирање заеднички активности преку меѓусебни посети меѓу партнер училиштата е една од клучните активности на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО). Целта на овие активности е да се запознаат младите луѓе со различните училишта со различен етнички состав и да се вклучат во активностите кои се од нивни интерес, да се тежнее кон вакви средби кои ќе ги подобрат вештините на учениците и персоналот од училиштата и на професионалната соработка меѓу училиштата, да придонесат за подобро разбирање на разновидноста и подобра меѓуетничка интеграција, и, зошто да не, како што често се случува во рамките на проектот, да се развијат долготрајни пријателства.