Saturday, June 12, 2021

Учениците од Арсени Јовков преку уметноста доаѓаат до меѓуетничката кохезија

Промовирањето на кратките филмови во средното училиште Арсени Јовков ги одбележа напорите на учениците да демонстрираат меѓуетничката кохезија и соработка. Оваа промотивен настанот се одржа на 26 февруари 2013 година, во холот на средното училиште Арсени Јовков, каде се собираа повеќе од 200 родители, ученици, наставници, претставници на УСАИД и други.

Кратките видео филмови беа направени за време на креативниот процес кој траеше неколку месеци, како дел од активностите на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во  образованието во соработка со партнер организација Мултимедија. Младите од различни етничка припадност заеднички го споделија нивното знаење за почитување на разликите, надминување на стереотипите и предрасудите при создавањето на овие филмови. Настанот беше проследен со силни овации од нивните соученици, родители, наставници и претставници од УСАИД како и другите присутни.

DSC00302rНашите познати актери Сашко Коцев и Луран Ахмети ја водеа презентацијата во средното училиште Арсени Јовков, надополнувајќи ја целта на настанот и покажувајќи голема кохезија и единство при водење на настанот.

Минатата ноќ се одржаа Оскарите во Холивуд, но денес се одржува Оскар во Арсени Јовков во Скопје“, рече Сашко Коцев. Учениците преку заедничка работа и видео продукти покажаа на публиката дека меѓуетничкиот соживот, толеранција, почитување на различноста, како и односот меѓу етничките групи е нешто што може да биде реалност во секое училиште во Македонија.

Презентацијата заврши кога благодарници им беа доделени на учениците кои беа дел од креативниот процес, како и наставници и уметници кои ја дадоа својата безрезервна поддршка во нивното креирање.

Делата на овие талентирани млади луѓе може да се види тука.