Saturday, October 16, 2021

Рецепт за другарство на учениците од ОУ „Јане Сандански“ од Скопје

makОд 3 до 11 декември, триесетина ученици ОУ „Јане Сандански“ од Скопје од прво до петто одделение, кои ја следат наставата на македонски, албански и турски јазик во, ја реализираа заедничката работилница наречена „Другарство“. На крај на работилницата,  учениците ни го претставија нивниот „Рецепт за другарство“.

Учениците ја започнаа дружбата со разговор на тема роденден, и што е тоа што го прави роденденот посебен. Според нив, другарчињата се тие што ја прават прославата посебна. Велат дека потребни состојки за убаво другарство се љубовта, разбирањето, топлиот збор, соработката, помошта, поддршката, заедничките игри и слично.  Потоа, следуваше загревање со игра за запознавање „Протнување преку обрач“ – сите ученици фатени цврсто за раце ги кажуваа имињата. Учениците потоа беа поделени во три групи. Во првата група, учениците од прво и второ одделение разговараа на кој начин се поздравуваат другарите, и обоија хамер со отпечатоци од нивните дланки. Втората група работеше на рецептот за другарство. Додека третата група се нафати  да изработи  декорација на кукли.

На крајот, секоја група ги покажа своите продукти.  Го прочитаа „Рецептот за другарство“ на трите наставни јазици – македонски, албански и турски јазик. Работилницата заврши со заеднички поздрав, плесок на рацете и мала закуска. Овие дружељубиви ученици ветија дека ќе продолжат со заеднички активности, а веќе се договорија изработките од работилницата да ги постават на заеднички плакат, за и нивните други другарчиња во училиштето да го дознаат   рецептот за другарство.