Tuesday, September 28, 2021

Регионални состаноци со претставници на училишта и општини

Во изминатите две недели тимот на ПМИО одржа регионални состаноци во Кавадарци, Кочани, Гостивар, Прилеп, Скопје и Охрид. Претставници од општините и основните и средните училишта од Фаза 3 беа повикани да присуствуваат на презентацијата на проектот. Учесниците се запознаа со концептот на меѓуетничка интеграција во образованието и им беа дадени насоки за учество во проектните активности во претстојната година. Оваа фаза ќе вклучи нови 40 општини и 183 основни и средни училишта во Р. Македонија. Претставниците беа заинтересирани за проектот од многу аспекти и беа задоволни од добиените информации, по што изразија желба и подготвеност за учество во проектните активности. Фаза 3 на проектот нуди бројни нови активности во овие општини, како што се креативни работилници, дебатните клубови, заеднички ученички активности, партнерства помеѓу училишта и различни обуки поврзани со меѓуетничка интеграција во образованието.