Monday, February 27, 2017
Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на  училишните објекти

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на училишните објекти

По организираните обуки за одржување на училиштата наменети за членовите на тимовите за реновирање на ...

Повеќе

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

При крајот на јануари, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Улогата и поддршката ...

Повеќе

Одржана обука за креативни корнери

Одржана обука за креативни корнери

При крајот на јануари во Скопје се одржа тридневна обука за креативни корнери на која ...

Повеќе

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Во текот на неделата, во четири модел училишта: ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Бајрам Шабани“ ...

Повеќе

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

При крајот на декември се одржаа два свечени настани на сечење лента во основните училишта ...

Повеќе

Денови за меѓуетничка интеграција во образованието – работилница за рефлексија и одржливост

Денови за меѓуетничка интеграција во образованието – работилница за рефлексија и одржливост

Деведесетина претставници од повеќејазични училишта од 6 избрани општини во кои се одржаа Деновите за ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Работи што не спојуваат: Мајстори во кујната

DSC02011Повозрасните мудруваат и велат дека љубовта најлесно доаѓа и се одржува преку стомакот и храната. А мораме да признаеме, нашето поднебје изобилува со различни кујни и специјалитети, преку кои секоја од различните култури кои опстојувале во овие краишта и етничките заедници кои живеат во Македонија оставале и оставаат свој печат и љубов во богатата традиција на нашата земја. Вкусните јадења, приготвувани со многу мерак и марифет, се нешто со кое се гордееме а и не препознаваат секаде во светот. Токму затоа, организирањето на заеднички готвења и трпези во училиштата низ земјава претставува одлична алатка, не само за запознавање, дружење и градење пријателства помеѓу ученици, наставници и родители од различни училишта, градови и етнички заедници, туку и за запознавање на сличностите што ги имаат луѓето во Македонија, какви што се мајсториите во кулинарството, што е само еден од сегментите на богатството на различностите кои ги поседува нашата земја, како ретко кое друго место на Земјината топка.

Една ваква заедничка трпеза се организираше во склоп на меѓусебните посети и партнерството помеѓу централното основно училиште „Александар Урдаревски“ од Чучер Сандево и гостите од подрачното основно училиште од соседното Блаце, кои наставата ја изучуваат на македонски и албански јазик. Деца, наставници и родители, неколку денови по ред се собираа во централното училиште и заеднички готвеа разновидни традиционални јадења од македонската и албанската кујна. При процесот на готвење, тие наидуваа и на предизвици,  кои ги надминуваа заедно. Еден од посериозните беше недостатокот на дополнителен шпорет, бидејќи во училиштето има само еден. Но кога се сака, сè се може – наставниците се организираа и донесоа  уште еден шпорет од домот на еден наставник. Превозот на учениците од подрачното училиште во Блаце за оваа активност го организираа наставниците со сопствени возила. На крајот, и покрај сите предизвици, експериментот е успешен. Пред нас е богата трпеза, пити, сарми, тавче гравче, баклава и разни слатки, прсти да излижеш.

Наставниците и родителите велат дека сето ова го прават со една цел –  децата да се запознаат меѓусебно, да се дружат и спријателат, со надеж дека тие пријателства ќе бидат долготрајни како и пријателството меѓу возрасните.

Во текот на април годинава, преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието се воспоставија голем број вакви партнерства, во кои училишта од различни делови на Македонија се посетуваат меѓу себе, организираат заеднички приредби, креативни клубови, дебати, заеднички весници, математички квизови, спортски манифестации и други активности, кои влијаат позитивно на учениците, наставниците и родителите, и градат нови пријателства. Ентузијазмот и енергијата на сите вклучени во овој процес е очигледна, бидејќи активностите се конкретни, корисни и интересни за сите. А кога готвиш насмеан, со позитивна енергија околу себе, со другарство и љубов, и трпезата е повкусна. На здравје!